колебање (ср.)
И двајцата добро знаеме
на која жена мислиме
само јас отскокнувам кај неа
љубопитен и на вишини навикнат
не можев да си замислам
толку еднолично и неразонодено суштество
рамна снага рамен говор
несовршенството ме предизвика
потсвесно, како што обично се вели
правев трикови за забава на народот
покажував нови мустри
шарпи шешири шпилови
стапчиња топчиња кутивчиња
бели гулаби за бела магија
создавав драмски штимунг
го извлекував резервниот маж
последниот џокер
од мојот долг од што е дупнат
џеб, немав време за колебање
носев кружна насмевка
- рингишпил на лицето
каде јас, таму таа!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Погледнувајќи назад, тој забележа дека двајцата копачи го гледаат и почувствува дека тие гледаат во неговото колебање и затоа брзо се сврте и зачекори накај кулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По извесно колебање, гемиџиите решиле од своите драгоцени резерви да му ги испратат бараните пари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Веројатно да го пополни колебањето дали и каде да седне, заклучи авторот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Веројатно и со лага или со еден вид принуда се послужил бидејќи помислил дека тоа е најдобар начин да ѝ ја истурка на девојката од мислите несигурноста и колебањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие без двоумење ја пролеаја крвта на други, ја пролеаја крвта без скрупули, но без колебање ја дадоа и својата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој некако неодредено погледна кон ќошот; потоа без колебање ја допи чашката и полека стана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И кога уловува риба, по долго колебање, ја пушта пак во водата и полека, со насмевка на лицето, умира.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Додека разговарав со Зигмунд, таа по моите зборови разбираше дека зборувам со него, и ме гледаше со оној поглед со кој гледаат оние стари луѓе кои без страв, само со колебање, се подготвуваат да умрат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја извлече десната рака од џеб и без колебање нанишани, не нанишани, го дигна револверот во висина на нивните невидливи усти кои што рекоа халт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На тоа не мислеше. Не постоеше дури ни такво колебање, што би го натерало да помисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И јас така мислам, - по пауза рече Шишман и конечно после сите колебања, решија таа работа да ја премолчат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)