колку (сврз.)
Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Однадвор влегува една загасита светлина, колку да можам да му ја видам сенката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие не знаат за колку време им е јадењето, велам, до кога може да им држи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Не толку од тоа што сакаше да им помогне колку од несовладливата потреба да им се допадне и на селаните.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кога ќе поминете на полноќ крај палатата што се наоѓа на центарот од езерово, тропајте колку што можете посилно.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Тие не се пакосни, ама можат да станат опасни до колку видат дека се смееш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Неговата снага беше рамна и висока колку за двајца обични луѓе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кога се приближи, се најде пред голема тешка порта со вратниче на едната пола широко колку човек да се протне низ него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не знам колку дни што боледувал дури му оздравела ногата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Не можев да се смирам од влијанието на амбицијата, колку и да ја потиснував длабоко во својата потсвест Гзиме ја поставуваше масата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Колку и да се покажува тоа недобро и опасно за Србија, сепак тоа не им противречи на српските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Трпе мавна две пива од нога колку да не речат соселаните дека се праи градски курназ и замина од селото.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)