колосек м.

колосек (м.)

Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заборавениот вагон на заборавениот колосек само можеше да сонува за главниот колосек и за животот што тече по него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
(Воопшто сите предмети што можеа да се најдат на заборавениот колосек можеа да се наречат заборавени).
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Возовите одеа негде, по сјајните шини од главниот колосек, ги поврзуваа далечините и убавините на овој убав свет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, со настапувањето на вечерта, старите изабени шини од заборавениот колосек одеднаш се возбудија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Геј колегата малку се побуни, меѓутоа некако успеав се да вратам во колосек со стариот сјај и рутина на работење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
(Всушност, целата фора е во тоа да ги пуштиш луѓето непрестано да зборуваат, бидејќи, порано или подоцна, некој ќе го испушти токму оној збор кој ќе те одведе на вистинскиот колосек).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По цела ноќ гори кандила во нивното заградено, наутро заминува со оние што одат по работа на индустрискиот колосек со стиснати книги во премрзнатите раце, а на пладне, враќајќи се од часови, останува на индустрискиот колосек или да фрла јаглен со лопатата од вагонот надвор или да реди дрва за огрев што вагоните ќе ги изблуат без никаков ред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа беше повеќе слеп колосек, глуво место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така замислена, со името на Дине во себе а со сликата на Дине пред себе со двете жени што го држат едната од едната страна другата од другата страна како да го черечат, не ни забележува дека гасеницата од вагони се преместува од колосек на колосек и на крајот запира со еден силен дрангож.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Возот веќе беше поставен на вториот колосек кога ние се искачивме на перонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Писнува и локомотивата: го менува својот колосек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дали поради сопствената малодушност или инфериорност, или пак некомпетентност, за прв пат се почувствува исфрлена од колосек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Врз кршените камчиња меѓу колосеците било забрането.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На првиот колосек стоеше долга композиција товарни вагони на кои веќе им беа отворени вратите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но еден ден се случи нешто неочекувано што заборавениот вагон од заборавениот колосек пак го врати в живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе