командир м.

командир (м.)

Косот пак исвирка. - Двајца да појдат и да видат што има! - повторно нареди командирот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
12. Ќе одиме во потера, а командирот ни држи краток политички час: Ќе го ширите братството и единството со сите луѓе, без разлика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шишман зина во него со подотворена уста и чу: - Јас одам кај командирот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сум знаела и што рекле лекарот и командирот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И по поплаката кај командирот нивни не се повратија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Командирот дава знак и почнуваат да ме тепаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командирот го прочита полномошното и како крпа побеле.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Не му бери гајле... така ми рече и командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Мислите ли вие, им велеше командирот на четата, дека ние живееме затоа што немаме или не сакаме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Утредента му отиде на командирот нивни и се пожали. Имало некој толмач и се разбрале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бокалот со вода потскокна, се навали и водата се истури во скутот на командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зар се премажи жената, си велеа луѓето што ме познаваа, зар се оставија со Никифор Абазовски и се омажи за командирот Ксантос?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и командирот се погодил разбран човек. Им заповедал на војниците да не прават пакост по селата. Ги карал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го подотскривам со врвот на прстите и ми се појавува главата на командирот Џоџо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командирот го сврте листот кон пламенот, мрштеше веѓи и мрдаше со усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кој ќе ѝ даде капка вода, беше рекле лекарот и командирот, тој си ја потпишал смртната пресуда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излезе командирот вчудоневиден од глетката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе