кома (ж.)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Симптоми се: екстремна поспаност, испрекинато дишење, студена и бледа кожа и кома.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Работа, дома Уморен кома Време е за ортома
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ќерка ти никако не можам да ја разбудам. Како да е падната во кома.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го барав и во болница, да не го удрила некоја кола па да паднал во кома и да не знае кој е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во текот на следните две години била лекувана на четири приватни клиники со психотерапија, а воедно примила и триесет и четири електрошокови и имала шеесет инсулински денови и педесет коми.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нѐ фура во кома, и ве носи длабоко дома!
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Алкохолот што се содржи во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило, кома и смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Докторите рекоа дека те ставиле на машина, дека си во кома, речиси никакви шанси да се повратиш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кома долга четири дена, и боси нозе во комбе со ширум отворени врати.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па и онаа мајка ми, бетер од нив е, во „кома“ паѓа од восхит по мојата коса.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Животот ѝ висеше на конец. Седум дена беше во длабока кома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Не гледаш? – свика татко ми. – Ни влакно од косата не ѝ недостига, а ти тука паѓај во кома, избезумувај се, баш ѝ е нејзе гајле за нас. – Срам да ти е! – ми се вдаде. – Оди легни си, не сакам ништо сега да знам, утре ќе разговараме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кома и смрт хараше, кога Тасе со него шараше.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Кога стигна, Рада беше веќе во длабока кома, со многу лоша слика на внатрешно крварење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)