комесар м.
комесаријат м.

комесар (м.)

Ете, погледнете го нашиот комесар на четата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Настрана комесарот разговараше со комадантите на баталјоните и издаваше упатства.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Па нели пред некој ден така ни кажуваше комесарот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тишина! - викна комесарот. - Ама, најпосле, имајте малку чувство на сериозност и немојте да се смеете со народната помош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Море да живее умниот комбинатор другарот Горјан! - рече комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Комесарот на бригадата одржа долг говор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчјата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболка не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Добро, добро, де... За тоа ќе му кажувате на политичкиот комесар...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Лефтеро! - Вика комесарот - земи го ова чудо и стрелај го во трапот. Поплати го со земја за да не смрди. - Не може... Штета за куршумот. - вели Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прво да се распрашаме за него во селово и да разговараме за сѐ со комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Никифор го распоредуваат заменик политички комесар во 107. бригада, а јас се враќам во главниот одбор на НОФ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Студен, леден ветер ги развејува пцостите на комесарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако не ѝ е првпат ноќе да стои на стража, овој пат, дали поради немирот што ја опфати кога комесарот сите ги истера од топлата земјанка или поради тишината што настана со наглото престанување на вејавицата, таа почувствува некакво нејасно студенило и трпнеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И после ќе ме викнат во штабот на 670. бригада, кај комесарот Стрингос и командирот Лушас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Комесарот повлече од цигарата, испушти густа врвца чад и, обраќајќи им се на членовите на анкетната комисија рече: - Господо, борците ви стојат на располагање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Комесарот врзи го и под стража прати го во штабот на полкот. Стоп. Изврши наредба. Стоп.“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јани итро се поднасмевна и, чукајќи се со прстот по – чело, рече: - Еј, чукнете се по лејките... зарем заборавивте што ни велеше пред некој ден политичкиот комесар за тоа што им зборувал на политичките комесари другарот Захаријадис?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе