компатибилен прид.

компатибилен (прид.)

Компјутерски кодираниот мозочен центар за уживање, врз основа на компатибилноста на електромагнетното и електрохемиското, ќе биде исполнет со технолошко генерираните сексуални сензации што ќе ги надоместат реалните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Напротив, ние веруваме дека е обратно, дека компјутерската метафора дава единствен хуманистички поглед на човечкиот род кој сѐ уште е компатибилен со најригорозните перспективи на коректност во физичките науки.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)