комплициран прид.

комплициран (прид.)

Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Курикулумите ќе бидат еднодимензионални и поедноставени, комплицираните текстови ќе бидат упростени и површни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога станува збор за иднината, за футуризмот, тоа е нешто уште покомплицирано.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ние се повлекувавме збунето кон излезот, измислувајќи комплицирани приказни за дополнителни часови, за состанок на кружокот по природни науки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакам да навлегувам во суштината. Станувам претенциозна барајќи комплицираност во наједноставното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но и покрај целата комплицираност на врската некако се навикнавме еден на друг и продолживме така.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Предметот е комплициран во техничка смисла, има многу преклопувања меѓу термините; различни автори користат исти термини со различни значења; литературата е напишана на три водечки јазици: германски, англиски и француски, што уште повеќе го потенцира проблемот на преведување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Комплицирно за мојот правнички мозок.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Единствената плоча виси вертикално во средината а зад неа има комплицирана мрежа од шини на кои се обесени повеќе различни грамофони.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
105 Членот 16 од ЗВИЛ е едноставен, без комплицирани процедури, и ја регулира процедурата согласно која инвалидните лица кои самостојно вршат професија или дејност, заштитните друштва и другите правни лица кои вработуваат инвалидни лица бараат доделување на средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа, се разбира, е прилично комлицирано.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Го сакав на еден особен начин, но, повторувам, таа љубов мене само ќе ми го уништеше животот, оти Јан Лудвик беше многу комплициран и конфликтен тип на човек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше комплицирано да си ги одредам границите на фикцијата во мојот ракопис Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И покрај очевидната драматуршка комплицираност на пиесата, заситена со „литературност“ на дијалозите, „Настан“ (по првото студено среќавање на премиерата) беше сретнат од гледачите со одобрување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Опаа, си помислив, Снеже има смислено ептен комплицирана приказна. Дури тогаш се збунив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку за илустрација на неговата комплицирана и незавидна здравствена состојба, пред операцијата, тој имаше толкави проблеми што не можеше ниту да оди повеќе од 50-тина метри – заради замор, болки и гушење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа излитена идеја (ide reue), ќе го оддалечи Балканот од европските лингвистички кругови, сметајќи го како недостапен, комплициран и неразбирлив...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе