компонента (ж.)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оттаму потекнува и одреден впечаток на садизам што ги рефлектираат некои популарни дела за коишто ќе стане збор, бидејќи садистичката компонента е пример на „целисходно мешање на нагоните“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На секое ниво од овој ланец, т.е во рамките на секој ранг, човечките компоненти се мошне хомогени: процесот на издигнување низ ранговите бара извршување на операции на сортирање, што резултира во помалку или повеќе униформно однесување во рамките на секое ниво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Веројатно естетската компонента надвладува над когнитивната: овие мапетовски ѕверови ми се некако поубави од човечките.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Целокупниот отпор против овој народен непријател се сведуваше на две компоненти.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Теорија на Шемите Погоре зборував за тоа дека когнитивната наука има три компоненти: вештачката интелигенција, теориите за мозокот и когнитивната психологија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
107. Сложените именки (обично глаголски) со прва компонента заменката себе‑: себеафирмирање, себеизразување, себеиспитување, себеистакнување, себељубец, себељубивост, себељубие, себеунижување. 58
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Јас не бев од оние синови, фројдовски речено, кои го убиваат татка си во себе, за да воскреснат, напротив јас настојував да го одржам жив татко ми во себе. И тоа во повеќе компоненти, слоеви. Првин во однос на тишината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А притоа не заборавете една битна компонента – тој е Словен.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
129. Сложените називи на хемиски соединенија на кои составните компоненти не им се поврзани со составна самогласка ‑о‑: алуминиум хлорид, бариум сулфат, јаглерод диоксид, сулфур диоксид, калиум цијанид, метил алкохол и др. (в. т. 113), како што се бележат во практиката на оваа наука.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Комуникацијата, значи, станала примарна компонента на оваа нова уметност, што историски претставува и најдобар одговор на проблемите на меѓучовечката отуѓеност во последниве десетлетија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
КРИСТИНА: Од што си болен? ЈАКОВ: Психоза шизо-афектива со присутни аудитивни халуцинации и нагласена депресивна компонента. (Пауза) Се бавев со суштината и суштината ме испече.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во првата книга на Живко Чинго сѐ уште само загатнати овие компоненти добиваат поширок простор во последниве негови раскази.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)