компјутер (м.)

Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Она што бега и се губи во секојдневната рутина, се покажува во уметничката употреба на компјутерите и другите виртуелни машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И компјутерот ми стоеше на располагање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Погледна во компјутерот пред себе. Курсорот трепкаше на местото каде што застана.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не дека му поверував ама со стаклен упат во книжно кесе и со кумата моја отидов преку ред „компјутер“ на главата да направам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Камерите го следат телото на корисникот, а компјутерите ги синтетизираат движењата на корисникот со артифициалната средина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Па, научив да ги исчукам со еден прст на компјутер...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Компјутерите се исто така машини-автисти и самци, она поради кое страдаат и се одмаздуваат е страшната тавтологија на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги подавав рацете кон компјутерот, сакав да ја гушнам твојата слика што ја имаше ставено на Фејсбук. Плачев и плачев…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На сличен начин компјутерот би можел да го симулира секој физички процес иако програмерот буквално би требало да чека, од сега па сѐ до вечноста, за да ги добие резултатите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во компјутерите нема вирус, сите часовници покажуваат точно време.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Туку думата ми беше за првите компјутери во бившата Југославија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тогаш немаше комјутери, немаше мобилни телефони, а јавувањето на телефон беше многу скапо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Компјутерот постојано ја осовременува интеракцијата помеѓу моето тело и синтетичкиот свет што јас го гледам, слушам, и допирам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Холандија е земја на Филипс, на производители на компјутери и на други современи електронски машини, земја со механизирано земјоделство, земја на индустрија, на мориња, овде единствено се „краде“ земјата од морето и само овде може да се оди под нивото на морето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јазикот на теоријата на информации исто така често се применува на билошки системи. Rychlack прави особено чудна грешка во своето инсистирање дека компјутерите се ограничени на она што тој го нарекува Булова логика, којашто тој ја карактеризира со користење на исклучителната (екслузивна) дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе