комунизам м.

комунизам (м.)

Се уморив, превезувајќи луѓе во комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да живее сталинизмот, непресушен извор на комунизмот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еве во конфликтот со историјата, животот го исфрли на брегот од оваа река, за да живее со луѓе кои ќе бидат жртви на новата „јаничарска идеја“ – идејата на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можете да видите презентација на работничка дневна соба пред и после комунизмот; уживав во овие компаративни нарации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првин ќе биде тешко преку ноќ да се превоспитаат овие козари, козите нема никогаш да исчезнат од нивното сеќавање, но, на крајот сигурно ќе ја разберат вистината за комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше сѐ уште ден и улицата вревеше од сочувани капути од времето на комунизмот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да не им го растурат комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште си мислам дека од комунизмот нема ни повеќе, ни потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
193 ВОВЕД Митовите и реалноста Падот на комунизмот и промената на општествено- економскиот систем што следеше голем дел од македонските граѓани ги дочекаа со ентузијазам и верба во подобар живот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Спасувајќи ја Македонија за Грција, ја спасуваа Грција од комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И комунизмот е како рајот, вели, со што ќе влезеш со тоа и ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе