кому (зам.)
Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени — чиј е тој народ, кому му припаѓа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Кому му се дава многу, од него и ќе се бара многу“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Кого попрво да слушаш и кому да му одговориш кога те испогазуваат и те оглушуваат од сите страни!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кој кому овде може да дава часови по лудило?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Симон на Димитар Башевски во некои аспекти е можна верзија на Селимовиќевиот Ахмед Нуредин, кој исто така може да се толкува и како раскажувач кому не можеш докрај да му веруваш, кукавица, тип со политички аспирации, човек којшто настапува од интелектуални позиции и на мигови изгледа дека повеќе му е важна универзалната Правда, отколку да се спаси братот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Зависи од тоа кому и за што државата таа музика му ја пушта да ја слуша.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Поздрави го подводниот Вок со едно око кому најверојатно си му слуга и речи му дека тоа не е фер.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Не знаеш кому му припаѓа твојот живот, што е поголемо за тебе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кому му е грижа опстанокот на планетата Земја. Профитот треба да преживее.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас не можев да разберам кому и зошто му било потребно сето тоа плетење на тајни конци зад мојот грб.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)