конзерва (ж.)

Ме погледнаа од високо и не ми прозбореа. Слатко се наручаа туна конзерва и се симнаа долу покрај езерото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите брзнавме во смеа. Почнавме да ги собираме шишињата и конзервите расфрлани и раздробени по ледината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
После украдов цела каса со конзерви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Режеа од една полутина кашкавал, а често макнуваа од големата конзерва сол.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е архива на љубовни оброци; музеј на отворени конзерви и ретки овошки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Шаторот се затвораше со патент широк како офицерски ширит, од врвот до прагот, а тука се заклучуваше со катанец, чиј клуч го држеше Геро како најстар во екипата, но не во малото џепче кај ситните пари туку на синџирче заедно со ножето за отворање конзерви и отнување тапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цела Европа ќе работи во конзерва, но прашањето останува: не требаше ли да претпочитаме извесна доза на мрзливост, поврзана со доброволното служење, некаков безволен и апатичен етос, наспроти нашата пресилена утопија на оперативноста?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Војникот ѝ подава конзерва.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Седевме во еден католички манастир, реквириран за потребите на народот, нѐ хранеа со конзерви од американските пакети.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И, да не заборавам, џебно ноже, не чакија или кама, ами ноже на склопување, со отворач за конзерви и сврдел за тапи од шишиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чувство на евтиност, како изрецкана конзерва од грашок чија испразнетост тркала сирови зрна во туѓите стомаци, не оставаше премногу простор кој може да се иполни со вкусна, топла чорба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со чувства или без во убава сјајна конзерва, Конзерва која ме чува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Не познавам никого“ , ги дигна рамениците и се тргна од прозорецот. „Но зоолошките волци не ги хранат со рибји конзерви и банани.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Купуваа некакви конзерви, а тој ѝ објаснуваше дека исти такви конзерви, по пониска цена можат да се најдат и на некое друго место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе