конзулат м.

конзулат (м.)

По војната градот имаше и конзулати кои по свои канали ја ширеа вистината за времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај патниците со еден чамец пристигнал секретарот на Францускиот конзулат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Минатата недела кај мене во дуќан дојде секретарот на Г- н Грекусис, да ме повика во конзулатот, бидејќи конзулот сакал да ме види лично и персонално.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената од Заечар ја сретнав во нашиот конзулат во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, во Скопје нема Канадски конзулат, па се договоривме да се обидеме да добиеме визи во Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Веднаш, уште вториот ден по пристигнувањето во Сиетл, отидовме во канадскиот конзулат да побараме визи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имам сигурна информација дека заговорниците решиле вечерва да го дигнат во воздух нашиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Павел Поцев требало да ја нападне царинарницата, а самиот Богданов - австроунгарскиот конзулат и други конзуларни службеници што би поминале покрај неговата куќа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во него биле сместени, покрај генералните конзулати на големите сили и на балканските држави, и повеќе трговски претставништва и агенции на западните земји.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 1 мај бил фатен со пакет динамит некојси млад Бугарин, кој имал задача, “согласно неговото признание“, да го минира грчкиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се отвориле друштва Св. Сава, продолжило отворањето на училишта, се зголемила дипломатската активност, се отвориле српски конзулати во Солун, Скопје (1887) и Битола (1888).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Отвораат амбасади и конзулати, зачленуваат државјани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Евгенијадис, како што видовме, јавил во Атина дека, според “сигурните“ податоци што ги имал, заговорниците планирале да го дигнат во воздух грчкиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)