константа ж.

константа (ж.)

Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јазикот на конкретната уметност е како функција без интерпретативни константи.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Меѓутоа, ако некаков излез, постоеше, можеби беше во идеите на татковите книги, кои се однесуваа на потрагата по константите на идентитетот низ троверјето, кои не завршуваа во ниту една конечна татковина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сегашна состојба на безизлез, намерно испровоцирани тензии, дебати на телевизија, од таканаречени и самонаречени експерти, вести со константи за меѓуетнички тензии, кои бескрајно личат на орвеловски препис и многубројни copyright верзии.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Аномалијата или чудесијата на напуштањето на врвната позиција на владеењето, како предизвик на нашите константи, на нашиот идентитет, според Емил Сјоран, може да се случи само во исклучителни моменти, за што се восхитуваат филозофите, а се чудат историчарите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монструмчето еднакво непоколебливо. Овој тип на лудичка константа го објаснува, ако веќе не го оправдува, најголемиот дел од она што го напишав или проживеав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како другите се толку успешни во одржувањето на аморфната констанца.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И во сите овие скитии ќе се одржува културата на исхраната, со своите константи и метаморфози...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа теоретска претпоставка, изразена во многу форми, ќе се наметне како една константа во уметноста на овој век, кој навистина ќе се дефинира како искуство на самиот живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)