констатација ж.

констатација (ж.)

Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Неколкуте пријатни чекори на оваа плоча не можат да го поправат впечатокот од грдите игри на животот“ беше последната нејзина констатација пред да се вратиме кај Раде. Грдите игри на животот!.. (нејзини зборови)..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа, наеднаш, без одредена причина и јасен повод ја изрече и онаа чудна констатација дека се чувствувала заглавена под урнатините на денот! И тоа не по своја вина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
112. И овие констатации резултираат од Мисирковите лични доживувања во ова време, кога тој беше префрлен од Белград во Шабац и потоа пак во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немаше други прашања и размислувања сѐ до овие мигови, ама и сега, не беше прашање, туку констатација.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Општа констатација, значи, била дека немало масовни масакри и убиства и дека немало можност попрецизно да се определи бројот на убиените Македонци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во една симболична констатација, волкот е предвесник на апокалипсата. Незаситен голтач на времето. Така барем нѐ учеа на факултетот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но таа општа констатација беше проследена од сосем различни чувства кај двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
23. Констатацијава на Мисирков е мошне категорична, но во неа има и еден дел вистина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше речено мошне тивко, речиси необврзно - повеќе како констатација, не како команда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека беше жив ѝ велев дека личи на него. Се лутеше поради таа констатација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И следува констатацијата дека средината во која живеам остава неизбришливи траги во душата, дека повеќе животот не ми изгледа едноставен како што сум мислел порано, дека мојот поглед кон многу нешта од корен се менува, и животот на човекот е темна и празна провалија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Тоа е точно“, рече авторот задоволен од констатацијата што толку добро се вклопуваше во концептот за профилот на Едо селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако дека во онаа заедничка констатација оти стилот на Чинго е близок до „говорниот јазик“, согледана во редица критички и есеистички текстови за прозата на Чинго, се кријат можности за натамошни појаснувања и аргументирања кои, можеби, ќе нѐ доведат поблиску до самата суштина на прозата на овој автор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Доволно е да се повикаме на историјата на француската книжевност, за да се потврди оваа констатација.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од многуте размисли што ги беше изврзал во реченици мислам дека посебен впечаток ми остави неговата констатација дека сите аргументи што ги согледал откако внимателно го разложил до најситни детали мојов случај констатирал дека сепак станува збор за заговор со обид да се дискредитираат моралните квалитети на наш висок раководител.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо да се обиде да дојде до некоја информација што ќе содржи или барем ќе наслути некаков излез тој по втор пат ги исцедува помеѓу забите истите веќе искажани констатации: дека Загорка минатата ноќ не ја поминала во нејзината постела и дека за жал не е пронајдена нигде во кругот на болницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе