консултација ж.

консултација (ж.)

Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, за тоа ќе се извршат нови консултации, ќе се испитаат искуствата од многу слични проекти во широката социјалистичка заедница, од Езерово до далечниот Сибир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
При ваквите отпуштања работодавачот е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците најмалку еден месец пред почетокот на отпуштањата за начините и средствата за избегнување на колективните отпуштања, намалување на бројот на отпуштените работници или ублажување на последиците преку прибегнување кон соодветни социјални мерки за повторна обука или вработување на отпуштените работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Примерот на Н Н е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците - тужители, од позиција на властодавци, секогаш навремено да ја следат и оценуваат работата на своите полномошници–адвокати, како тие го водат процесот и како тече неговата динамика, па ако е потребно, по претходна консултација со друг адвокат, да проценат дали е целисходно да го променат својот договорен правен застапник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку постои можност пренесувањето да предизвика сериозни потешкотии за работниците, тогаш задолжителната консултација со синдикатите може да се ограничи, доколку за ваквата работа се одлучува на арбитража (чл. 68-б, ЗРО/05 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Една вечер брат ми ме повика на консултација во неговата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тука беше уште воената и полициската сила, но за тоа беше потребна итна консултација со сите републички структури.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во консултации со работничката, а во зависност од ризикот по нејзината безбедност и здравје, работодавачот мора да воведе мерки за заштита на бремената работничка, работничката која неодамна родила или дои, за отстранување или намалување на опасноста од: (1) неповратни ефекти; (2) предизивикување рак; (3) наследни генетски оштетувања; (4) предизвикување штети на нероденото дете и (5) предизвикување штети на исхраната на детето (чл.15 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овие информации и консултации треба да ги опфатат веројатните трендови на активностите на трговското друштво, јавното претпријатие27 и друго правно лице, нивната економска состојба, идните вработувања и сите останати одлуки кои би можеле да доведат до суштински промени во организацијата на работата и договорните обврски.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)