континуиран прид.

континуиран (прид.)

Континуираната употреба води до развивање толеранција и зависност, а обидите да се прекине со употреба можат да предизвикаат болест и раздразливост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Целта на истражувањето е да покаже дека континуирано, без разлика која политичка партија е на власт, биле донесувани промени во законската регулатива на штета на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бидејќи, не постои универзален канон по кој текстовите би биле проценувани, постојат цели системи на канони кои постојано се преместуваат и менуваат, така што секој текст е во континуиран дијалектички однос со овие системи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Помеѓу чеканот и наковалната Денес работниците во Република Македонија се соочуваат со континуирана деградација на работните места, ниски и нередовни плати, понижувања и малтретирања, работат онолку колку што ќе им рече газдата, а оние кои ќе се одважат да се спротистават често се на „мета“ на работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наместо духовното јадро на градот, како силен цивилизациски придвижувач, да се негува и развива, традициите на континуиран радикализам ја уништуваа духовната димензија на поимот град, не дозволувајќи да се создадат институции на јавното мнение што се над политиката и секојдневните притисоци од интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Песната е само етапа на еден континуиран психолошки процес, кој само делумно е дефиниран низ поетскиот запис.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Еве, земајќи го „примерот на една рака во движење”, тој пишува: „Бидејќи секој континуиран квантитет е делив до бесконечност, движењето на окото кое ја гледа раката и се движи од а кон б, минува низ просторот аб кој исто така е континуиран квантитет и, според тоа, делив до бесконечност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од КСС, пак, велеа дека со оваа измена ќе им бидат отстранети „ограничувањата“ на оние луѓе кои сакаат да работат 26 то на нова дефиниција за т.н. сменско работење, според која работа во смени значи „секој метод на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едноподруго, на исто работно место, во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини“ – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели (чл. 9, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сегашноста е променлива дата мерена со континуираното време, то ест со претпоставеното движење во една единствена насока: сегашноста минува во мера во која времето се исцрпува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Позитивистичкиот механички материјализам ретко во некое современо филмско остварување е поткрепен со толку одломки на денешнината, особено затоа што осумнасетовековната поставка во филмот Гринавеј континуирано ја спроведува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според генералот Хенри Вилсон НОВ и ПО на Југославија со своите активности можеле многу да помогнат „во комплетирањето на хаосот и конфузијата во која непријателските сили запаѓаат со нивните континуирани напади“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Оттаму (покрај церемонијалниот повод, педесетгодишнината од победата над фашизмот) произлегува потребата овој опасен политички феномен да се разгледува континуирано и продлабочено, и на ФАШИЗАМ време да се превенира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Работа во смени значи секој метод на организирање сменска работа во која работниците се менуваат едноподруго на исто работно место, во согласност со одреден план, и кое може да биде континуирано или со прекини – вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време, во даден период на денови или недели.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ко тигрица е таа желка мала!“, допре глас до континуирано вознемирениот господин Боби.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Повеќе