копче ср.

копче (ср.)

Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го притиснав црвеното копче на далечинскиот управувач и се оддалечив од дома.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доволно е копче за намалување на звукот во овој управувачки систем.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Имаше и неартикулирани бандити од планина кои до вчера стискаа на чкрапалото од калашњиков, а сега стискаа на копчето за гласање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си ги презашиваме истрганите копчиња готови за паѓање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни да ја кренам раката кон некое од копчињата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има црвен џемпер, темни сомотски панталони и широк ремен со блескави копчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го притиснува копчето за втори кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една жена само си ги брои копчињата од фустанот: ќе ме земат, не ме земаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако главите ќе се исечат и исушат, формираат тврди, кафеави дискови или „копчиња“ кои се џвакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одеднаш Дејко со глава нишна накај копчињата на тезгата за галантерија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тогаш тој ќе клекне сред нив, а тие ќе колват и ќе се врткаат околу него како во пчеларник, ќе го забавуваат и одушевуваат со тоа што ќе му ги колват ногавиците на панталоните и копчињата на кошулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Капата накриво, црната коса развеана, две копчиња од кошулата откопчани, ветрецот ги фрла настрана полите од војничката блуза и под кошулата, во ритамот на чекорот, потскокнуваат јадрите момински гради.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе