корав (прид.)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кој гласот женски може да го слуша мирен? велам: Кој смртен толку корав бил?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Откровението не дошло, а навиката станала корава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пупката одвај чека една корава рака да ја отвори. Да расцути, да сака.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Бледото испиено восочно лице, длабоко вкопаните очи, коравите усни и повеќе од десетте загубени килограми, низ приказната на Рада ја навестуваа голата вистина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговата четка со чудна леснина го покоруваше коравото платно. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ќе се прекрши ли вечерва коравото срце на Аргира?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Но оној благ и толку кроток изглед на Пискулиева, на кого стариот гледаше преку главата на Ордета, покажувајќи така дека просто не го зема предвид малиот, ја сломи коравата душа негова и тој се реши да ги прибере земјаците.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така беа осудени на неразделност, исто како кога се водат со еден чивт лисици коравиот убиец заедно со некој шеретски престапник. Тоа беше онаа скршената нога.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше околу осумдесет години, беше, или така јас ја видов, здрава, сува, ковчеста, со збрчкана кожа и раце суви и корави.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)