корзо (ср.)
Таа прва ги откри оние наслаги во мене што обично му припаѓаат на сортата копилиња кои деновиве сноват по корзото и по кејот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го видов во неделата со другарите на корзо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не знам што е смешно во моите одговори“, рече татко ти и тогаш дури за првпат ја крена високо главата а судијата, оној, господин Предановиќ, со големи бакембарди и црна измазнета коса, за која сите говореа дека ја светнува чистачот на чевли на Корзото, само се накашла и ништо не рече.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Стар скопјанец е личност која живеела во шупа или керпич куќарка, чувал гулаби и едина забава му била грицкање семки у скопското корзо и чаламење со шушкавец од Трст.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И онака ретко имаат прилика да прошетаат сами во приквечерните часови на битолското корзо.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Но рече и дека не е во ред така две млади девојки сами без придружба на корзо да се шетаат навечер, па затоа ќе ги отпрати назад.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Итаа кон корзото што се извиваше меѓу двата моста на реката Отиња: Камениот и оној кај Гимназијата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Купив цигари на првата трафика и се упатив кон корзото, во центарот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога се враќаше дома навечер од корзо, Баге прво ќе свратеше кај него и ќе го кренеше на раце како рулче - беше лесен како перце и сув како лешник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зарем мислите дека ова е селско корзо или одење на чешма по вода со стомне и ѓумче?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па, знаеш! После она што го видов на корзото постои реална шанса искубаната веќе да не е со него, - на оваа досетка двете прснаа во смеа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За набљудувачница во натамошниот свој живот Раде Ич избра една маса во кафената Кралска круна на штипското Корзо, (како што е речено веќе).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)