корисен прид.

корисен (прид.)

Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Посебно денес, кога конкуренцијата при објавувањето книги е веројатно најголема, за писателот е многу корисно да ја запознае техниката на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А пред сѐ изгледа и од корисноста на својот храбар зафат, на есента да ѝ подари доволно жолтило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со текот на времето двајцата балканофили сѐ повеќе се уверуваа во корисниот правец на нивната мисија од игнорирање до прифаќање на турцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во сите корисни вештини светот или стои во место, или назадува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Способноста да се седи при машината за пишување со часови без расеаност, секако дека е корисна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми се чини дека да не беше таа склоност да се бавам со минатите неуспеси, би направил корисни и, дури, можеби, и големи дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овој јазик е корисен во обезбедување на храна, живеалиште и општествена позиција, но ги жртвува можностите за координирање на физичките состојби меѓу учесниците во дијалогот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не ти е умот во неговите можеби поучни, корисни зборови, не оти го слушаш тој час, ти просто го гледаш како те краде, како лакомо сѐ следи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакам исто така да ѝ се заблагодарам на Нора Мартинс Лобо, која ги потврди овие информации за мајка ѝ и даде многу корисни сугестии.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дека со него владее некаква несигурност наговестуваа и оние тврдења дека и најголемите глупости што ги сторил за среќа секогаш биле корисни за државата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
63 Велешките младинци, бидејќи биле повеќемина на куп, се труделе да го организираат животот и да му дадат некаква корисна револуционерна содржина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Физичка и метафизичка непокорност. Дали тоа би можело да биде корисен предмет?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Арсо сакаше да биде задоволен дека сепак неговата немоќ е корисна за Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кој друг би можел да им даде корисни информации?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе