користење ср.

користење (ср.)

Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во случај на понатамошно користење или дистрибуција морате на другите јасно да им ги дадете до знаење условите под кои е лиценцирана ова дело.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Реконструкцијата може да се спроведе во потполност или со делумно користење на компјутерски симулации.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Другиот ден повторно облекуваа лош кафеавкаст костум и мораа да се задоволат со издавање на забрана за користење на масите за пинг-понг од страна на класно несвесната младина.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најголемите опасности лежат во користењето нечисти игли при интравенозна употреба или кога се земаат големи дози по период на апстиненција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше преполна со луѓе а имаше и такви, на кои им се отстапуваа книги за користење во специјалните читални.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој хотел и користењето на неговите ресторани и сали се еден вид мерило за општествената хиерархија на луѓето во Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа е обвинета за користење буржоаско влијание во облекувањето, а мажот ѝ за небудност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А понатаму? Направени се планови за зафаќање и рационално користење на сите слатководни извори, а особено за користењето водите на Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Немаше законска забрана, но на користењето на Фејсбук се гледаше со доза на недоверба.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој алудираше на една традиција различна од социјалистичката, а со неговото користење уметниците се поставија себеси во опозиција на официјалната култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш е доволно само производот да се даде на користење, без некоја посебна парична надокнада Сѐ на сѐ, методата е проверена, силна и едноставна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да беа на пример воведени било какви ограничувања при неговото користење?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во сегашнава ситуација на плуралитет на уметничките јазици, со користењето (и функционирањето) на двете наведени нивоа на пристап, се појавува една продуктивна тензија и се открива колку е комплексно прашањето за нашиот национален идентитет денес.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Е, тоа се нарекува казна која следува после користењето на нешто што не го заслужуваме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По мое мислење, полека се раѓаат институциите на една демократија во која границите веќе не го даваат правото на исклучување од користењето на граѓанските права.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе