корне несв.
корнет м.

корне (несв.)

Галебите жално пискаа над нас како мали деца кога плачат и срцето ни го корнеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овде е пострашно од пеколот на Данте со векови реки се полнат од плач но пирејот повторно расте и расте попусто го корнат им пркоси пак
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ми се корне кожата и како одронат малтер ми паѓа во постелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мукаа и ја корнеа земјата со роговите и со копитата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дури починуваше војската, летна квечерина се покажаа некои црвени ветрови низ полето што се нафрлија врз тревата Ја легнуваа, ја кршеа, ја фрлаа час ваму – час таму Ја креваа, ја корнеа од земјата Та до мајчина болка низ ветрот пиштеше горката коските како да ѝ ги расчинуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не е важно дека јас не сум дошол на ред да корнам амблем од некоја кола.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми се накрева некој ветер во душникот и праши дали праши, корне нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го врзале со дебели челични сајли и го влечат булдожери, го корнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добитокот и од камен корнел трева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И нѐ тепаа, коса и мустаќи ни корнеа по недели,и празници затоа што ова не сме го беселе на балкони - чардаци?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ги тепа мажите, а жените се мачкаат со кал по лицата и со лепешки по рацете. И смрдат, корнат жените.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вирее и таму кај умираш, на полиња распослани и брегови, под лед и под тежина, како билка лековита, под коров, додека го корнеш и во истиот миг или ја собираш за да се удвојува или исчезнува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но само еден со стапки кришум сторени ко крадец некој го граба моето бреме, и ги разголува, ги корне моите корени, па јас се чувствувам дека сум живот и време.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе