коцкест (прид.)
Во централниот дел на паркот имаше една голема коцкеста површина со песок каде што си играа дечињата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги редеше на штицата коцкестите резанки бел леб за сендвичи, ги премачкуваше со путер и од нив направи сендвичи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Навечер одевме на свирки по бродови каде што забави правеше кој друг ако не Фуфо (имаше и своја пицерија во градот, со коцкестите црвено-бели чаршафчиња), а свиреа Робертино од Ластовица, и други дечки од Македонија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)