кошница ж.

кошница (ж.)

Можеше со кошници да собереш камења по клупите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
До станицата под багремје се туткаа две-три жени со кошници полни кајсии за продавање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одеднаш почувствував дека паѓам, дека цел се простирам преку улицата, а доматите, компирите и крушите што ги носев во една кошница, се разлазија по асфалтот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не се осмелуваат да ги стават своите јајца во иста кошница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од една кошница таа вадеше парчиња леб намачкани со маст, нане и црвен пипер и им ги подаваше на децата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По улиците на времето биле поставени и кошнички за отпадоци.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тие прецизно одредени и забележани обврски поетот ги фрла во кошничката за ѓубре што се наоѓа под неговото биро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Оваа пролет една берачка на јагоди слегувала од ридовине сама со полна кошница плодови и песни...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од луѓе не можеш да се разминеш. Како да се наоѓаш во некоја пчелина кошница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На крај градот Федерико го запре и му го даде празното кошниче од јајцата. Внатре имаше и едно кесе со макарони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се изненадија кога го видоа седнат во ладот на ѕидот зад нив, со куп врбови прачки како плете некоја голема кошница: - Ти си ја тераш таа решетарската, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ги ставаше во една кошница за да си ги носи дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа го извади од пластичното кесе блокот со зелена хартија, го стави на работната маса, внимателно ги стутка пластичните кеси и ги фрли во кошницата за отпадоци, а потоа седна како да ќе пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја симнаа од таванот плетената кошница во која ме растеа мене и мојата територија беше загрозена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас си збирам сливи, претурам од кошница в табла, а тој седи и го накрева шишето, го отпразнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе