коњак (м.)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И ја плати сметката, видливо додавајќи убав бакшиш, а потоа со едната рака го фати кесето со кафе а со другата шишето коњак и, туркајќи ги кон неа, насмевнато ѝ рече: „Ова е за вас.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како бизнисмен со пура и коњак во раката, ја изговорив занесено последната реплика, за време на елегантната опсервација на масивната компјутерска маса.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Никако не може да привикне на коњакот, но сега го пие, обидувајќи се да му даде на лицето израз, онаков, задоволен, како да овој напиток му е најомилен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си реков да тркнам до бифено да мавнам 2-3 коњака да ме релаксираат од досадните куротресачки дрдорења.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум. Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таму крај езеро, под сенките на широките бели омбрели, пиеја и коњаци и црвени и бели вина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И Климент Камилски, во младоста, особено за време на студиите во Франција, беше љубител на добрата чашка, добро ги познаваше најдобрите француски коњаци и париските шансони од триесеттите години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога ќе се мавнат 2-3 коњака се заборава и на идеолошките разлики.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Потоа чаша коњак, голем ТВ екран, филм со наслов „Момче во меур“ за едно момче кое пораснало во потполно анти-септички услови бидејќи било родено без имунолошки систем.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Удривме - ние вино, тој коњак, ние вино, тој коњак, никој аман не дава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Најпрвин ќе ви измузеа 2-3 коњака или коктели, после следуваат мобилни, накити, гардероба и на крај ако се напраат пресметките поисплатлива ќе беше курва од МРТВ отколку скотска спонзоруша.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко само се насмеа на зборовите на Камилски, испи половина од коњакот во чашката и му се обрати на Камилски: И ни треба побрза крв во дамарите. Годините брзо минат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Коњак“, пак побара со сув пустински глас.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Коњак“, побара и остана неподвижен, со забуцани прсти во косата, загледан во дамките на нечистиот чаршав.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Журката заврши, а после 7-8 коњака Трпе веќе се најде во автомобилот на Ратка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Потоа му налеа на Татко и себеси, па, како во здравица, рече: Да ги кренеме овие чашки коњак за наше здравје и за досегашната успешна работа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)