коњче ср.

коњче (ср.)

Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само да посакаш да видиш самовила, коњче или еленче - и ќе видиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но растовари го коњчето, дрвата нека останат тука и помогни ни да ја однесеме муницијава и митралезите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Коњчето остана да пасе на зелената ливада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сѐ што треба ќе редиш внатре во самарчето од коњчето и пак ќе го зашиваш.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По патот за Штавица одеше црн калуѓер со бело коњче по него, на кое висеше обесена торба и дисаѓи, а од торбата се гледаше иконата на Богородица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го одврза коњчето и го натовари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Донеси го коњчето да го товариме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Шинтерот чекореше крај мршавото коњче и имаше модро набабрено лице на удавеник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ослободени од времето, се оддаваат на некое непрекинато летање, како вилините коњчиња со еднодневен живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема да замине на пат неброени дни.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
На коњчето натоварија муниција, два митралеза и нешто бомби.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Станаа... Го натоварија коњчето и тргнаа надолу низ буките...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче слезе од коњчето, ги зеде парите за кибрит и се врати в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се сети зошто Горјан и Огнен го праќаа в село и остануваа сами со коњчето и зошто Тале сè ќе најдеше некоја работа само и само да го оттргне од коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Коњчето беше многу мирно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му пристапи на коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе