коџобашија м.

коџобашија (м.)

И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџобашијата со другите советници што беа околу него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Биеја битка за да имаат коџобашии и свештеници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А што ли си мислевте предци наши Дека сите ќе станете коџобаши? Дека ќе жнеете тоа што сеете?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој праша: - Дечиња! Кое ќе биде толку добро да ми ја покаже куќата на коџобашијата?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога инженерот се качи на убавиот бел коњ, командирот го пофали коџобашијата: - Аферим!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Куќата од коџобашијата40) се наоѓаше на крајот од селото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На Митровден таа година пак се собраа по еден од куќа во малото селце Бзовиќ и едногласно пак го избраа за земски коџобашија Димитрија Сатле од Сатока.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И затоа, кога јас станав коџобашија, мухтар, и подоцна кога го избиравме Лазара, ним не им беше право. Ама така беше волја на маказарчани.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако биде така, на коџобашијата од град ќе му ја побараме ќерка му...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Кога ќе дојде царскиот инженер? - го прашуваше коџобашијата командирот на турската полициска станица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го почестија и кочобашијата. Овој од своја страна го почести мудурот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојан го направи кафето, а Велика, снаа му на коџобашијата сврши со едно „добро дошле" на сите и ги донесе филџаните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ех! Кои се тие луѓе, коџобаши! Како ние трева да пасиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преноќева со децата и утрото излезе в село да го најде коџобашијата Трајка и да види до каде е дојдена неговата работа со поплакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете го спаијата — рече коџобашијата со висок глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како е снаа ми Петковица, децата? Како е коџобаџијата Трајко, попот Стево, како е протуѓерот, Злате полјакот и сете со ред в село?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Види, бре коџобаши, прати го абер на тој пезевенк нета се приберит дури не сум кажал на кајмакамот во Прилеп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, дојдов, коџобаши, во вашето село да купам некоја свиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Брза кучка, слепи кучиња! - одговори коџобашијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе