кравајче (ср.)
„И мајка ми еднаш ми рече дека не умеам да замесам вкусно кравајче дури ни за себе си.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во соништата ми оживеа и лошата маќеа на Пепелашка, и страшната маќеа на Ивица и Марица, и маките што ги претрпува девојчето од маќеата во приказната за црното кравајче.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На самарот има дисаѓи полни со лепчиња, со кравајчиња, со поскури.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И сега се сеќавам дека инстинктивно ги избегнував приказните во кои се раскажуваше за лошите маќеи, за волшебното огледало, за Ивица и Марица, за Црното кравајче и Пепелашка...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)