крак (м.)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Цртајќи го на небото сонцето со шеснаесет краци!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Еден крак требаше да оди на запад преку реката, а друг на исток.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Внимавај термиту. Колку краци има оваа ѕвезда?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува; меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Работите на водоводот пак, напредуваа. Присуствував заедно со инженерите кога се ставаше разделната цевка во резервоарот за двата крака што се делеа за двата дела на Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
8 Hannukiah – светилка со девет кандилца, фитил на масло, или свеќник со девет краци
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- И уште ноќе, додека под нозете ти тече крак на Вардар а косата ти ја мрсат жалните врби? - Уште подобро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Разбуди се, му велиш, не се буди
заспиј, му велиш, не заспива
полубудно, полуживо
- распнато по краците
на логичките схеми на контрастите
зависно од глаголот
ти треба начин, временска димензија
просто да знаеш дали си и каде си!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Исти сме во гласовите, исти сме во краците, сепак сум поинаков, крал сум на пајаците.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Помеѓу неговите краци, помеѓу Горник и Зедница, среде столетни дабови и ореови дрвја, со прочуени бунари за питка вода, се тетоши Загориче, или уште како што ја викаат малечката и населена заветрина - Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
ДА НЕ СЕ ВИДИ Халкидик, првиот крак од овој полуостров, што од копното се дели уште од Солун, е рамносилно на тоа, да испуштите да го видите најубавото и најромантичното во овој дел од Грција.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Антички Македонец е личност која гледа српска Фарма, слуша Шако Полумента, гледа бугарска Планета, излага у Б2, а навечер ужива у турските серии, пцуе по грчките педери, а редовно иде на одмор на краци и се облака у циганска Шутка со наследената комунистичката пензија од дедо му кој наводно гинел у Ноб.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Личеше на гнездо на хоботници, исфрлајќи ги големите краци од меснато зеленило, лелеејќи се и цутејќи во таа куса пролет.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ах, далеку. Таму во низините, во длабочините на кракот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Точно меѓу трите споени краци. Треба само паф, и збогум !
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чувствувајќи во утробата некакво валчесто издолжен бигор, врел и поврел од крвта и со свој крак низ целиот душник, болниот ја барал со тврд показалец жилата меѓу своите очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)