крастав (прид.)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под една грпка од сиви крастави камења со две дрвца пред отворот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Една жаба крастава стара круната сака да ја бара.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Планинските гребени ми се гледаат крастави.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Побожјанските аждери се крастави жабоци без нокти и без заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа може да биде крастава жаба - не таква жаба што се заглавуваше во челустите на змиите од градината, туку огромна крастава жаба со патина на рабовите од нејзиното бронзено тело, вечно крастава жаба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На мајка Геле, што кабает направи ти на пет години, што те изедоа пците крастави... Ни Анѓа не мислеше друго.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Краставата жаба, која го замени гуштерот, беше поинаква, беше безбојна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таква крастава жаба Милан познаваше во својата младост.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Удрете на краставите поганци! - нареди Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)