креативен прид.

креативен (прид.)

И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во предигра од обмислена бајка, Сакам да навлезам во сплет од твојата креативност...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Знаете, креативноста не дозволува да биде индоктринирана. Никому не можете да му ја затрете смислата за хумор, таа брза релативистичка способност на течно и брзо жонглирање со идеи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидете креативни, ослободете се од сите рамки и догми, размислувајте со своја глава и ќе видите дека првичните резултати ќе ве охрабрат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Новинарите стоеја од страните, атмосферата беше полна со креативна возбуда и модното дефиле можеше да почне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томаица беше задоволна од овој избор, бидејќи поседуваше во себе голем сензибилитет и креативна енергија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истовремено, оставаше впечаток и неговата чудесна креативна енергија; таа не само што го овозможи изразот на целосна слобода, туку и ја оствари оваа витална неопходност, реализирајќи ја низ конкретни и вистински креативни акти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Креативно инспиративен, освен за блажените метафори, тој умееше да поттикне и на наука.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кога успева, во постојаната креативна трка со своите музички и академски ангажмани, да пишува толку опуштено и духовито?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Гледаш некои свежи, луцидни и креативни типчиња наоколу?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Конструкцијата на потезите во вакви ситуации се гради врз основа на неисцрпната креативна енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од друга страна, креативната личност ќе има богато и содржајно доживување, коешто може да ја поттикне подоцна да обработува нови теми на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Интересни се границите на фантазијата и креативноста, кога луѓето прават нови работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе