кревет м.
креветски прид.

кревет (м.)

Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мажите и жените престанаа да си играат во креветите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Седна на креветот и се прости со белината на ѕидовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На гол под, немаше кревети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во болницата никогаш не се оладуваат креветите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го виде креветот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одвај ја досигнав, зашто ми пропаѓаа нозете во јорганите и перниците од креветот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ситуацијата ја спаси дебелиот офицер кој цело време седеше на креветот извален назад чиниш затоа што не може да стане.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дојде комбето и сама ги тегнев и влечев вреќите и табуретките кои го претставуваа креветот на кој спиев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега стави еден стол до креветот и потоа го донесе послужавникот со појадокот и го стави на столот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му вели да стане да се напие вода и да се врати назад во креветот продолжувајќи да спие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вие мажите сакате да мислите на своите жени како на асексуални суштества надвор од својот кревет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но пак се плашеше да се извлече од под креветот и да ја запали сијалицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја извадив некако од креветчето и влечејќи ја под мишка трчав со неа пак по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се намести во креветот оставајќи болничарката да го покрие и ги затвори очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка му ја виде сликовницата на креветот. Ја виде нацртаната мечка со зината уста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ги фрлија алиштата од себе и скокнаа во огромниот кревет од махагониево дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе