креденец (м.)
Но глеј беља: штом се допре до креденецот - стана златен, штом го фати ножот - стана златен, место убавиот мек лебец - во раката држеше голема грутка злато...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Како пример може да се спомне неологизмот како сложенка фрижидер, на новотурски buzdolabi, според buz (мраз) и dolabi (креденец).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Скока по неа и врз креденецот, и врз запалената печка, па дури за една мува може да се најде обесен и на лустерот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Станува, оди до вратите, наслушува зад нив и откако ќе се увери дека таму е сѐ мирно, пристапува кон претресот на креденецот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тогаш и му текна за индексот, па го побара со погледот на масата и на креденецот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мишко отиде до креденецот, срона малку леб во раката, пак се доближи до прозорецот и тивко го отвори.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ја разгледа масата, ги подигна капаците на тенџерињата што беа наредени по неа, по шпоретот и ги изотвори сите чекмеџиња од креденецот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А за кого е оној мармалад, види, пет месеци стои во креденецот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тогаш мајка ѝ нареди: оваа големата кукла ќе стои во стаклената витрина во креденецот, а со малата можеш да си играш.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ги прегледува сите и откако ќе се увери дека се полни, задоволно го затвора креденецот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во едно шкафче од тој креденец дедо чуваше локум, па кога ќе дојдеше некој на гости баба вадеше од локумот и ќе ги почестече гостите од него заедно со кафето што се служеше во мали филџани и чаша студена вода.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
БОРИС: Ти сама дома, тој сам во хотел, внук ми сам во мојот стан, јас ќе одам во подрум со шифоњерите и креденците. Разбирам слобода, ама ова!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)