кривина ж.

кривина (ж.)

Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја вртиме последната кривина и одеднаш се најдовме на врвот од ридот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од една кривина нѐ осветли силна светлина, по светлината дојде и големата бучава од борните коли.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме запира полиција на првата кривина, пред патот за гробишта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Свртувам тука и држам волан по тесниот пат со многу кривини и покриен со сенките на густите и многу стари буки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исто се случува и со чудата кои се оправдување за нашата вера, која е чекорење по рабовите на сопственото срце, на тие ивици и аглести кривини се скриени најголемите тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дојдоа другите шофери и со раце и нозе и лопати го исфрливме снегот и патот го отворивме сѐ до горе каде завршува кривината, до превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од Ќафасан до Прењес патот води по остра удолница со многу кривини и цело време се вози со стегната сопирачка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патот, што сѐ уште мириса на недамна послан асфалт, прекршуван со острите кривини, змиулесто води пругоре.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека седеа завалени во фотељите околу сниската просторна масичка пред работната маса на сопственикот во механичарската работилница „Лихнида“ во Бармптон, Канада, авторот виде дека Едо знае дека Германија загина во сообраќајна несреќа на кривината кај мостот пред да заискачуваш на Плетвар на пат за Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Голема е таа угорнина и кривината остра..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слушам како полиците стенкаат затекнати од неочекуваниот товар, кој едвај чека да ми се струполи на глава на следната кривина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Зад последната кривина, широк паркинг и зад камената авлија - манастир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издржуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја кривината, лапни ја угорнината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега разбра што мислел О'Брајан кога му рече да се погледне и од профил. Кривината на 'рбетот беше вчудовидувачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе