кристален прид.

кристален (прид.)

Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На полноќ се слушаа ледени кристални гласови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разлеваат кристалните гласови од жените, небаре камбани на студен Велигден, а јас се мислам како да се престрашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прашокот на мескалинот има кристална форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ко лице и песната бестрасна беше, но река в кристално корито, чинам, што тече низ песок, гонејќи ја полека-лека жедта на тие што минат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но јас сум жив, ќе ја уверува, нашите приказни се во кристалната ваза.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја опседнуваа кристалните и магнетни крици на Марс и Венера, не штуриот укор на заедничкиот живот - државните, семејните и верски празници.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со својот долг, црн јазик го лиже топлиот мед од кристалниот пехар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јачеше. Од зад неа кристалната испреплетеност на замрзнатите прозорци доаѓаа неодредени шумови, се судруваа и се разбиваа еден од друг.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Треба да признаам: мислев на цвеќето во кристалната ваза, на нејзините солзи по мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Најдов три кристални чаши. Сега кој ќе пие во стаклени? –Настана мрморење, де од еден,де од друг: Јас сакам кристална, јас несакам стаклена, во неможноста да ги поделат чашите се надвикуваа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Токму во тој миг еден хеликоптер во минување затропоти и во собата се затресоа прозорците со кристално ѕвечење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Овде посебно одушевуваат фреските на куполата, од чија врвна точка се спушта најголемиот полилеј, долг 36 метри, сиот само од кристално стакло, со 750 свеќници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Надвор, како некој провиден, кристален бедем, сѐ уште стоеше белата ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе