крка (несв.)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
7. кога се враќав од јапонија како да се враќав од иднината каде што се во полн замав курсевите по интерпункција на изненадувањата и каде што гравчето на леб се мачка а не како кај нас што се крка со лажица гравчето наше насушно на леб се мачка јапонското гравче
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
— Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или ќе го крка дреновакот — беше неговото разбирање за правосудието.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чакарвелика се печеше овде на сонце и се плашеше од зимата кога ќе треба да се прибере во анот усрамено да го слуша кркањето на вратите и душемињата дури во мозокот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Работил човекот, печалил, ќе крка зелници — одговараа други од друштвото што одеше горе со добиците по дрва или си идеше од дрва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Сепак да сркаш и кркаш чорба од реката, всушност, мислам водата треба да е еколошки чиста.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Коа нема трава може и табли да кркаат - рече падавичарот и почна неартикулирано да мрда со главата. - Абе какви табли каков бутур.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Сега ќе те однесам дома, сотоно. Лежи на прегреан цреп, кркај тикви печени и прави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само снегот под скинатите цокули крцка та кцрка и од гранките, по секој посилен повев на ветерот, се рони студен шушлек.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе кркаме и ќе си го дрвиме в бечви божем сме младоженци.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Власта, онаа што не крка лубеници на гнила софра, му ги дала медалчињата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Шегувај се ти, војводо, но следниот пат кога ќе приредиш ваква гозба, ќе ја доведам и неа. И јадеше шумарот, кркаше, како некој Крали Марко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сето тоа е „Слези Курто да се качи Мурто”. Сум ја кркал таа манџа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)