крстопат м.

крстопат (м.)

Потоа следуваа: збирките раскази „Мени на мојата месечина“, „Патот до осамата“, „Крстопат кон осамата“ и сега е во печат следната негова зборка раскази „Во осамата, со слободата“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Палестинците пак ќе се најдат во стариот порочен круг на неизвесноста на мирот и војната, на нов крстопат на блискоисточниот лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не, не! Не ми го врти грбот и не гасни ја последната светилка... Ќе стојам на крстопатот додека не минеш ти...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби сите линии, сите крстопати, излези во лавиринтот сочинуваат универзален план на некоја виша сила, кој треба човекот да го следи во текот на својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немавме време за разговор, за поздрав ми мавна со раката зашто на семафорот се појави зелено светло а пред крстопатот не можеше повеќе да се стои...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- На крстопатот, на излезот од шумата, ќе го дочека куциот самовил, истиот оној волчји цар чие завивање го одбележи неговото раѓање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овој чудесен град, вистински крстопат на империи и цивилизации, народи и вери, град кој силно страдал во минатото, извишуван врз урнатините од паднатите империи, катастрофалните земјотреси, кој ги имаше задржано обележјата на западните и на источните царства, во кој престојувале императори и султани, се вкрстиле војски во светски судири, му се виде достоен за да започне во него да си ја ткае семејната судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во еден град на Германија се случи автомобилска несреќа: добро зачуван мерцедес остави зад себе на крстопатот прегазен американски војник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поради својата географска положба, Албанија, ма­кар најчесто изолирана, ќе остане на крстопатот на империите и цивилизациите, пишуваше Татко во прологот на својата Историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На крстотпат патоказ ми беше, по патот трнлив...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тргнав по тебе. По твојата страна од крстопатот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Татковината на Албанците се наоѓа на крстопат каде што се вкрстувале интересите на Западот и Истокот, при што најмногу се вкрстувале цивилизации, култури, јазици и се разбира, религии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Градот ја имал судбината да стане крстопат на многу­бројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо не можеше да се направи, уште само за последен пат да ја погледнам на крстопатот од ходници, да видам како се оддалечува, како се симнува низ скалите. 60
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не го разѕида оној скржав живот од едно до друго лето овој срт од пелин безимен – крстопат или проклетство само; камење успано на сонцето на урок и молитви растено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И Луан Старова, на крстопатите помеѓу историското и фикцијата, го освои Париз со козите, со својата посебна уметност...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе