крт (м.)

Чистејќи го снегот, луѓето личеа на кртови кои ријат а не се гледаат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кој сакаше да живее требаше да се спасува, како крт да се забуцува в земја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се помрднуваш ко кртица во окопот и опчудено погледнуваш напред, којзнае каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Упорноста на сонцето умее да пресели Цели езера на небото А мртвиот поглед го има осетот на кртот Кој ќе ископа и премногу мрак за да излезе
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Всушност, ја поткреваа некои попови прасиња и кртици, некои притаени семиња и повратени треви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно некој им дојавил. Подоцна, излезе дека навистина во Службата за студентски прашања на Универзитетот на Мичиген роварел крт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми бега, ко крт ми се губи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На масата има весник и ножици. Кртот ја остави книгата. Сече дел од весникот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И повеќе копаме, се преградуваме, редиме ежови, слегуваме во земјата ко кртови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зато сме се држеле меѓу себе многу силно, сме траеле во многу искушенија, сме работеле како кртови и сме успеале да опстаниме со векови на то парче земја, таму на балкано.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако треба да одиш во тоалет, крени го знаменцето, земи си ја чантата и не оставај ја на подот во WC-то зашто кртот не презема одговорност за изгубени или откраднати работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Снегот никако не запираше. Патеките што Бојан со упорност на крт ги прокопа до плевната, до потокот и до изворот, набргу бараа повторно чистење, зашто снегот тврдоглаво се пластеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над главата, небото го темнееја врани и гаврани, а кртови ја дробеа земјата која што ја газеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу нозе ни поминува. Излегуваат и глувците, ежовите, кртовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе