круг м.
кругол прид.

круг (м.)

Зборовите го заземаат обликот на душата и го исполнуваат интимниот круг на мислите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дел од католичките конзервативни интелектуалци блиски до тогашните клерикални кругови долго време ќе се противат на синкретичната арапско-шпанска цивилизациска синтеза, додека за прифаќање на нејзиниот траен удел во обликувањето на националната шпанска култура не можело да стане ниту збор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разведри малиот круг на градината спуштениот нимбус на црешата пред очите на човекот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во овој темен круг со хоризонтот затворен во густиот грб на боровите мансарда сум на една починка Од ноктите ќе исцицам трошка храброст да ја поделам есенва.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе свртеше две-три крукчиња со тротинетот и ќе го оставеше на земја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А другите деца настанаа собрани околу нив во круг којшто се изместуваше но борачите натаму наваму, како што се носеа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Учителот ја прими тужбата и влезе во кругот на законот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На едно место на мапава сум нацртал круг со фломастер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Критиката на држењето на Комитетот беше само во домашните кругови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ми трагаше по одговор на прашањето зошто ги убиваат козите во некаков проклет балкански затворен круг во кој секогаш се останува на почетокот, во балканската варијанта на апсурдот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе