круна ж.

круна (ж.)

На глава круна ќе ставам и акробации чудни ќе правам... Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дајте ми круна од злато, ќе направам дворец од блато! Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вечерта спроти Петровден, кога излегуваше од Кралска круна, се испречија пред него двајца.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го потргнува превезот што го дели широкиот кревет на две половини и гледа во креветот лежи Хера облечена во блескава ношница и со круна на главата како кралица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една жаба крастава стара круната сака да ја бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На другата страна од санката на белиот патник се залепи самовилата со сребрена круна на челото.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Една вечер Змејко помисли на тоа каква може да му биде вечерата на тој извишен како ластар младич, кога таа се состои само од една чорба и кога може да чини само една круна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На кутриот крал му е оставена илузијата дека владее и дозволено му е, сосе круната, достоинствено да се тетерави поле по поле.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се настојуваше албанската кралска круна да се сподели со италијанската, поточно да ѝ се потчини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лабавиот колан на пушката му се лизна од рамо, долгата цевка се заринка во јагликата и не ја откорна, туку ѝ ги растури златестите круни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се умирало на сите страни. Царевите си ги давале круните за капка вода.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Куро е некрунисаниот крал на Менхетн. Ја носи својата кралска круна како што Сизиф го носел тешкиот камен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога ја виде чинијата преполна со храна, што не чинеше само една круна, младичот просто отскокна од својот стол, на кој седнуваше секоја вечер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе