крчмар м.

крчмар (м.)

Крчмарот тромаво и безволно го послужи, ги зеде парите и пак седна на своето место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот нареди десет чаши на влажното тезге.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот траеше и гледаше негде крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И јас сум бил војник, имам и син војник. Ама де! Крчмарот се зацрви уште повеќе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Крчмарот си ги собра рамената.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Крчмарот тапо го погледна. Остана да стои зад тезгето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчма изградија. Крчмарот за игумен го прогласија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крчмарот не беше слаб. Имаше долги раце и дебел врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот нерешително стана, но не отиде зад тезге.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крчмарот се повлекуваше и тој уште повеќе се исклешти. „Чекај... Каде? Сакам да платам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Требен ми е мене, - рече крчмарот. - И јас не можам да го гледам пред очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Крчмарот нема да му дава. Крчмарот е одговорен што му дава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога можеше повторно да гледа, го виде добродушниот крчмар зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од под рака го гледаше Том, крчмарот, како отвора едно шише од неговото омилено пиво и го става пред него. „Четирилисна детелина”, рече Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Стојане, викна тој - донеси малку книже и мастило. Крчмарот донесе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прашаа дали има место да се преспие. Крчмарот, дебел и ќелав, и црвен дури до теме, откажа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Враќањето на Рада сите го очекуваа како главен настан. Сите без крчмар го правеа есапот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе