крштевка (ж.)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе има и свадби. И крштевки.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ја однесоа во Злетово на крштевка: Во црква Пресвета Богородица па свештеникот Богољуб на девојчето ѝ го даде името Радојка од кумот Ѓорѓи.. Тоа дете сум ЈАС!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некоја година подоцна бричењето си беше свечено дотерување на денот на нечија венчавка или крштевка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Голем број од црквите ги снабдуваше со свеќи од најразличен тип: од најтенките, наједноставните мали жолти, до прекрасни големи, украсени и излеани во прекрасни форми и бои за посебни пригоди: за свадби, крштевки, погреби, слави...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)