крш (м.)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Што ќе видиме? Драсканици, нечистотија крш.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наоколу голи ридови, сив крш. Ниски, стари куќи, градени со камен и покриени со камени плочки и стари керамиди.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Поминаа покрај понтонскиот мост, што инжењерците скоро го комплетираа, правејќи си пат низ парчосаните дрвја и низ разниот крш што пловеше низ водата.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
„Професоре, како да го исчистиме кршот?“ „Немаме гребло и лопата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)