кубе (ср.)
Ноќта и нам нѝ се криеше меѓу трендафили под прозорец Земјата ја пишуваме со мала буква И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нивната песна се виши над кубето од божилото дур ти го готват лебот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Душата веќе му лета, ко ластовица под кубето, но не може без него да избега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Барем да сум само една ноќ едно кубе на нејните плеќи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Ги толчеа најубавите куќи, а ја столчија пред мои очи и пред очите на таткото на Алегра и нашата синагога, онаа со двете кули во матроски риги и личните кубиња на нивниот врв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
2 Ноќта е древен храм. Од кубето на мракот огнот ќе ископа многу сурови луѓе.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нејзините зборови се извишија како копја над морето И како црвени кубиња по редиштата зад нас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пишувам уште една приказна, или писмо, за љубовта. За мене, набрекнато кубе на Даут-пашиниот амам го преполнува речиси целиот прозорец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А муграта тропа на црковни порти И топлите дланки на градителите (пред векови што го граделе храмов) со златните прсти на изгревот ги милуваат кубињата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Да се биде во Келн, а да не се види оваа знаменитост навистина претставува пропуст се разбира, катедралата секој ја посматра од свој аспект, но секој во неа ќе пронајде нешто што фрапира - нејзината големина, височината на кубињата, релјефите, оргулите и нејзината акустичност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секогаш имаат друга работа – си ја мерат светнатоста со кубињата, како да сакаат да докажат дека сите божици се светнати.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Но тој не го насети тоа. Добро, не само тој? Многумина поминаа под тоа кубе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Високо во воздухот, се позлатија и пламнаа кубињата од црквата Свети Климент.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Имаше два влеза со железни врати и со кубиња и беше покриен со олово.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)