кунатка (ж.)
Ги подава незимерно долгите раце и не се чуди што низ неговите прсти исктекуваат безбојни и потоа портокалови млазови за да израснат под него во самите себе но сега кунатките се долги и безбојни а птиците имаат портокалови глави.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се движат како снегулки сегде наоколу непознати птици, безбојни и долги, и кунатки со портокалови очи. Птици, кунатки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Имав една стара сликовница со многу нацртани животни во неа - срнеци, лисици, кунатки, диви мачки и елени.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)