купува (несв.)
Што ќе видам по излозите ќе купувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Жена ми сигурно уште не може да ми прости што не ѝ ја купив онаа бунда во Солун кога бевме да купуваме гардероба за оваа моја свечаност.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Купуваше и продаваше сѐ на кое можеше да спечали.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Немам намера да купувам значки од тој диктатор!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Немаше сила која можеше да го сопре во преостанатите денови да продолжи да купува книги кај париските букинисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа го купуваме нашето брашно од бегот за козја пастрма, за овци и за волна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оние од кои се откажав да ги пуштам за да заштедам за жена ми да може да продолжи да ги купува сите оние непотребни нешта што жените со толкава сласт ги купуваат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Така три дена на големиот одмор трчав до самопослугата, купував, трчаница се враќав и зад училиштето јадевме секој по четири чоколатца.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Териториите што најмногу ја купувале велешката ракија по силата на решенијата на Берлинскиот конгрес биле откинати од Османската империја, а за извоз на ракија требало да се плаќа висока царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Помогни ми да те пронајдам, да се најдам себе си во овој вртлог на ништо. Покажи ми го патот кон слободата, се купува ли на кило можеби?
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Мажите купуваа за мангалите дрвен ќумур.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Неколку пати купуваше риба на пазарот, а потоа ни ја подготвуваше на скара на осмиот спрат од Метрополитен кулата, каде имаше голема тераса со поглед на Сиетл.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Море ти реков, нека ми го донесе мене господ со здравје детето, та со тоа што се нашло ќе го женам. Пак санким не се купува!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А и грчка ракија купував и некакво кафе, мешано со печен јачмен или со ’рж, а и свеќи купував.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)