купче ср.
купчи несв.
куп м.

купче (ср.)

Ги носеше на купче, а потоа ги ставаше в кофа и ги изнесуваше од дворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мода во ротата беше купчето земја пред окопот да се зајакнува со што повеќе камење покриени со земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Офицерите подзапираат во купчиња со преполнети чаши во рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што можев да сторам? Стоев простум над купчето тврда земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред него на тротоарот лежеше мало купче малтер, а во неговата средина јасно се гледаше тенка црвена бразда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу остатоците од црешите пресадени тука од зад девет мориња белиот папагал понекогаш ќе проголта и некое купче исушени зборови, без јатки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И купче жарје и отаде и одаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и бричот изабен, како брана по грутки ти скока по лицето. И купчиња брада ти остава нефатено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги собра парчињата, ги потокми на купчето кај другите, ја отпаша футата, ги забриша рацете од неа и ја фрли врз отпадоците.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Купчето од селани се размрда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе