кураж (м.)

На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— На лицето ѝ се оцрта задоволство, дамарите ѝ се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, денес, кога во цела Македонија народот се разбунтувал и дигнал востание... кога Македонците се борат за правда и слобода, тие господа немаат кураж да го изјават пред еден граѓански суд она за кое народот се бори со оружје в рака.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кураж и само полека - мрмори човекот под нос - и макаршто ти тежи веленцето, ти продолжи си по правливиот пат сѐ додека не згасне горештината и не падне првата роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не зборуваше со мене многу, ама кога ми кажа два збора дека ѝ се јавил синот, знаев од каде е куражот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Назбрав доволно кураж и отворено прашав: Каква е целта на овој растур?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но тој немал кураж тоа да го стори, се прибрал дома и не зел учество во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во нив надзорниците ја носеа силата и куражот што им помагаа да се расправаат преку ден со работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сегде можев да свијам гнездо или да ги оставам коските, но некоја сила ме влечеше ваму... ми даваше кураж во сите таксирати...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На Калешка му се придружи еден ортак и тој доби кураж да си го каже своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста доби кураж и од даскалот за своето необично решение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го откопча пагурчето од појасот, голтна две-три голтки, се исправи, пак погледна на старата, пушти долг чекор и кога се израмни со неа, врза збор: - Само кураж и макар што патот е правлив, ти сестро, оди пред себе и не гледај зад грб... Само кураж...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нивното злосторство можеби е неоткупливо - нивниот кураж несомнено е херојски“166.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Господе! - Над нејзината глава забележа две исти насмевки со две подбрадни дупчиња и две исти брчки меѓу очите. Две полни усни од кои извираше кураж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе